Линкови за пристапност

Обиди за зајакнување на разузнавачки апарат на САД - 2003-10-08


Септемвриските терористички напади, неколку шпионски скандали и прашања во врска со разузнавањето за Ирак, од корен го потресоа американското разузнавање. Резултат на тоа се повици за преструктуирање на апаратурата на американското разузнавање, што има потенцијал да биде најголема преобразба од формирањето на Централната разузнавачка агенција – ЦИА во 1947-та година.

Артур Халник е професор по политички науки на Бостонскиот Универзитет и 28 години ветеран во ЦИА. Тој вели дека иницијативи за реформи во разузнавањето имало и порано.

„Но тоа политички не е изводливо. Од завршувањето на Втората светска војна, биле формирани најмалку 20 комисии кои истражувале како е конструирано и управувано американското разузнавање. Секоја од овие комисии предлагаше промени и нуту една од тие промени не е навистина направена“, вели тој.

ЦИА веројатно е најпозната американска разузнавачка агенција, но постои голема бирократска машинерија во разузнавањето која вклучува околу 35 американски армиски и граѓански владини агенции кои се занимаваат со собирање и анализа на разузнавачки материјал. Поранешни вработени во разузнавањето велат дека често постои атмосфера на длабока недоверба меѓу агенциите додека тие се впуштаат во интензивен бирократски натпревар за пари и извори од конзументите на нивниот призвод – законодавците.

Националниот акт за безбедност требаше да воведе ред во повоениот разузнавачки систем. Директорот на Централното разузнавање не само што раководи со ЦИА, туку според законот, тој е надлежен за целата разузнавачка заедница.

Но во реалноста, директорот на ЦИА, Џорџ Тенет нема вистинска контрола врз буџетот или акциите на другите разузнавачки агенции, особено оние на армијата. Бирократското соперништво, велат поранешните вработени во разузнавањето, постои до ден денес.

Еми Зегарт вели дека се уште има потреба од вистински цар во разузнавањето кој ќе ги надгледува и координира сите разузнавачки напори.

„До одреден степен, дуплирање на напорот е добра работа. Но не е спорно дека она што го имаме е заедница од бројни различни агенции кои имаат тешкотии во меѓусебната комуникација, делумно што ги има премногу, а делумно и заради законски пречки. Проблем е исто така што нема една личност одговорна за буџетот на разунавањето, која ќе постави програмски приоритети што потоа ќе ги поддржува“, истакнува госпоѓа Зегарт.

Разузнавачките професионалци сакаат да зборуваат за таканаречен разузнавачки циклус, процес во кој информацијата е добиена на најразлични начини, од високо технолошко електронско набљудување до употреба на старомодните луѓе-шпиони, што потоа се анализира и се презентира до законодавците кои донесуваат одлуки.

Завршниот разузнавачки производ треба да биде изведен преку неутрален процес. Но суровата информација често е предмет на различни интерпретации.

Голема потенцијална опасност е политизирање на разузнвањето. Постојат обвинувања, на пример, дека законодавците ги преувеличиле разузнавачките информации за Ирак за да ја оправдаат војната. Информацијата за ирачките програми за нуклеарно оружје се најде во годишното обраќање до нацијата на претседателот Буш. Официјалните претставници извртеле некои разузнавачки информации, а се појави и критика квалификувајќи го американското разузнавање како неуспех.

Еми Зегарт вели дека се мали шансите разузнавањето да се ослободи од политизирањето.

„Секогаш тоа ќе биде проблем и мислам дека можете да ги направите сите реформи на светот и да не сте сигурни дека ќе го сведете ризикот на нула“, вели таа.

Некои аналитичари велат дека разузнавачката заедница била бавна во усвојувањето на новата реалност по колапсот на Советскиот Сојуз и крајот на Студената војна, а некои сметаат дека разузнавањето премногу се потпирало на технологијата и биле запоставени добрите стари методи како луѓе-шпиони.

Сите се согласни дека домашното разузнавање треба да биде зајакното за да се избегне нов 11-ти септември. Се додека заканите за САД постојат, разузнавачката заедница ќе остане во центарот на вниманието. Целта е да се произведе информација што ќе спречи напади и ќе го овозможи натамошното остварување на целите на американската политика.

XS
SM
MD
LG