Линкови за пристапност

Ирак незапирливо оди кон себеуправување и мир - 2003-08-29


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Претседателот Џорџ В. Буш рече, „секој знак на напредок во Ирак го зголемува очајот на терористите и остатоците од Садамовиот брутален режим„. Токму поради оваа причина злосторниците го нападнаа седиштето на ОН во Багдад на 19ти август.

Но, претседателот Буш јасно кажа дека „цивилизираниот свет нема да биде заплашен„:

„Овие убијци нема да ја определат иднината на Ирак. Ирачкиот народ е ослободен од диктаторот. Ирак незапирливо оди кон себеуправување и мир„.

25те члена на управувачкиот совет, вклучуваат три жени, како и претставници на Шиитите, Суните, Курдите, Туркмените и Христијаните. Советот формираше комисија која ќе го напише новиот ирачки устав. По усвојувањето на уставот, ќе се одржат избори по кои ќе биде создадена целосно суверена ирачка влада.

Во Ирак веќе постои локална самоуправа. Општинските совети функционираат во сите големи градови како и во повеќе од 80 проценти од сите ирачки градови. Членовите на советот раководат со прашањата за здравство, водоснабдување и електричната енергија.

Канцеларијата за човекови права и транзициона правда во Ирак рабти на пронаоѓање на исчезнатите лица. За жал, многумина се веќе пронајдени – во масовни гробници. Освен што ќе ги истражува направените злодела, канцеларијата ќе промовира човекови права и во сега ослободениот Ирак.

Денеска, се издаваат повеќе од 150 весници, кои на Ирачаните им овозможуваат пристап до многу различни информации. Саад ал Базар, уредникот на Азман Дејли во Багдад вели, „не можеме доволно брзо да обучуваме нови кадри. Луѓето овде се очајни за неутрално и слободно новинарство, по 30 години тоталитарна држава.„

Книгите кои беа забранети од Садамовиот режим, сега се достапни во книжарниците. Уметниците се слободни да ги покажат своите дела, а поетите се слободни да пишуваат. Странските изданија и радио и телевизија се исто достапни. Сателитски антени се многу популарни помеѓу потрошувачите.

Како што кажа Алаа Катем, ирачки фудбалер:„се чувствувавме подобро откога падна режимот.....ние сме сега ослободени од кошмарот.„

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG