Линкови за пристапност

Терористите објавија војна на секоја слободна држава и на сите наши граѓани, смета Бу - 2003-08-27


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

На 19-ти август терористите го нападнаа седиштето на ОН во Багдад. Над 20 членови на персоналот на ОН и ирачки граѓани кои загинаа во бомбашкиот напад, беа ангажирани во чиста хуманитарна мисија. Тие работеа на реконструкцијата, на здравствена заштита за Ирачаните и на дистрибуцијата на храна.

Истиот ден, терорист во Ерусалим уби 20 лица кои се патуваа во полн автобус. Убиецот сокрил бомба под облеката, наполнета со метални парчиња. Бомбата била направена за да убие и да повреди колку што е можно повеќе луѓе. Меѓу 110-те повредени, 40 беа деца. Како што кажа претседателот Џорџ Буш, овие бомбашки напади повторно покажуваат зошто тероризмот мора да биде поразен:

„Во нивните злобни погледи на свет, нема недолжни. Хуманитарните работници и децата исто така се цел на убиство. Тероризмот може да ја користи верата како покритие, но тероризмот е кршење на секоја вера и на секој стандард за достоинство и моралност„.

Како што истакна господинот Буш, целите на терористите се јасни: „Терористите објавија војна на секоја слободна држава и на сите наши граѓани. Тие сакаат други влади да бидат слични на репресивниот Талебан кој порано владееше со Авганистан. Терористите вршат злосторства зашто сакаат цивилизираниот свет да страда и да се повлече со што тие ќе можат да ја спроведат својата тоталитарна визија. Нема да има потклекнување во оваа војна против теророт и нема да има повлекување„.

“Од Авганистан до Ирак, од Филипините и насекаде“, вели претседателот Буш, цивилизираните земји ќе ја продолжат војната против терористите, “каде и да се собираат, каде и да планираат, каде и да дејствуваат“.

Тој додаде дека со натамошните акти на убиства и уништување, терористите ја тестираат волјата на коалиционерите, надевајќи се дека ќе ослабат и ќе се повлечат. „Но секаде во светот откриваат дека нашата волја не може да биде скршена. Какво и да е страдањето, ќе издржиме“, им порача Буш.

“За оваа кампања“, кажа претседателот Буш, неопходни се жртви, определба и одлучност, и ние ќе истраеме“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG