Линкови за пристапност

Нови напади над американските војници во Ирак - 2003-08-27


Американската армија извести за смрт на двајца војници во Ирак при два посебни напада временски одвоени неколку минути, во Багдад и Фалуџа.

Нападите се случиле додека американски воени конвои биле на патрола.

Првиот инцидент се случил во немирниот град Фалуџа, западно од Багдад, каде досега имаше повеќе вакви напади. Еден војник од Третата регимента на вооружената коњаница е убиен, а тројца повредени кога експлодирала бомба крај патот.

Втората жртва се случила во Багдад кусо време по првиот напад. Дадени се малку информации, но воени извори велат дека војник од бригадата за контраразузнавањето бил убиен при нападот на неговиот конвој.

Војската не даде повеќе информации за нападите, но за нападите ги обвини организираните групи на борци лојални на поранешниот режим на Садам Хусеин.

Со овие напади бројот на жртви во редовите на коалиционата војска од почетокот на војната, се искачува на 281.

XS
SM
MD
LG