Линкови за пристапност

Животот на ирачкиот народ - 2003-08-13


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада.

Изминаа нешто повеќе од сто дена од завршувањето на главните борби во Ирак. Како што истакна претседателот Џорџ В. Буш, САД заедно со над други дваесет држави работат на тоа да го направат Ирак побезбеден: „Коалиционите сили и понатаму се во офанзива против лицата лојални на Баатистичката партија и странските терористи кои се обидуваат да го спречат воведувањето на ред и стабилност„. „Не контактираат се поголем број Ирачани, со конкретни информации за локациите на овие насилници, со што ни овозможуваат да изведеме акции за нивно апсење и за запленување на оружје„, продолжи Буш.

Коалицијата, заедно со Ирачаните, работи на основање на нова ирачка армија и полициски сили. Банките се повторно отворени. Секојдневно се произведуваат над милион барели нафта и преку два милиона галони бензин. Како што изјави претседателот Буш, Ирак станува слободно општество, што долго време му беше оневозможено на ирачкиот народ: „Животот на ирачкиот народ се враќа во нормала – болниците и универзитетите повторно се отворени, и во многу места, снабдувањето со вода и останатите услуги ги достигнуваат нивоата од периодот пред војната„. Тој дополни дека скоро сите ученици на територија на Ирак завршија со своите испити. „И за прв пат по многу години, во Ирак постои слободно новинарство„, рече претседателот Буш.

Најважно од се, изјави претседателот Буш, ирачкиот народ чекори кон самостојно водење на државата: „Ирачкиот управен совет, чии 25 члена ги претставуваат сите во разновидното општество, редовно се состанува, поставува министри и го припрема буџетот„. Буш смета дека наскоро, претставниците на народот ќе започнат и со составувањето на новиот устав, по што ќе следуваат слободни избори. Според него, како што луѓето стануваат се поуверени дека поранешниот режим никогаш нема да се врати, така слободата навлегува се подлабоко во општеството.

Сто дена не се доволни за да се надмине ужасното наследство што го остави Садам Хусеин. Но, како што кажа претседателот Буш, „за луѓето од Ирак, ова е период како ниту еден друг во нивната историја, време на промени и надеж по децении тиранија“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG