Линкови за пристапност

Раговори за нуклеарното оружје на Северна Кореја - 2003-08-07


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Американската влада ја поздрави неодамна донесената одлука на Северна Кореја да учествува во проширените мултилатерални разговори за завршување на нејзината програма за нуклеарно оружје. Останатите учесници во разговорите ќе бидат Јужна Кореја, Јапонија, Кина, Русија и САД. Северна Кореја тврди дека има преработено доволно плутониум за 6 нуклеарни бомби, дека веќе поседува нуклеарно оружје и се заканува дека ќе произведе нови количини на оружје.

Северна Кореја веќе крши неколку меѓународни договори, со кои инаку се обврза да не развива нуклеарно оружје. САД работат со нивните сојузници и други загрижени држави на тоа како да се справат со опасноста што доаѓа од програмата за оружје на Северна Кореја. Претседателот Џорџ Буш вака ги објаснува причините за мултилатералните разговори.

„Не загрижува тоа да се склучи билатерален договор со Ким Јонг-Ил, поради фактот што тој досега не ја кажуваше вистината, и во разговорите со претходните администрации. Поради тоа, заземавме нов курс ...да ја вклучиме и Кина во преговорите, за да постои повеќе од еден глас кој ќе му говори на г-динот Ким Јонг-Ил... Се чини дека ќе имаме вистински повеќенационален форум... Тоа значи дека и Јапонија ќе биде таму, и Јужна Кореја. Тие имаат легитимен интерес во разговорите со Ким Јонг-Ил... И Русија се согласи да учествува“, рече американскиот престедател .

Заменик-државниот секретар Џон Болтон вели дека програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја мора „целосно да биде прекината, на начин на кој тоа би можело да се потврди и да се осигура дека програмата повтоно не би била активирана“. Претседателот Буш смета дека ова може да се постигне:

„Ние сме оптимисти поради фактот дека и други преземаат одговорност за мирот, освен САД. Ќе видиме како ќе тече дијалогот... Ние сепак се надеваме дека г-динот Ким Јонг-ли, со оглед на тоа што ќе чуе и од други држави, ќе донесе одлука целосно да прекине со својата програма, дека ќе дозволи целосна транспарентност и можност да се потврди дека програмата е прекината“, вели г-динот Буш.

Меѓународната заедница е обединета во убедувањето дека на Корејскиот Полуостров не смее да постои нуклеарно оружје. Престојните разговори во Пекинг и даваат ретко добра можност на Северна Кореа да ги отстрани грижите на меѓународната заедница и да постави пат за подобар живот на своите луѓе.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG