Линкови за пристапност

Интернетот - главно средство на кандидатите во нивните кампањи за претседателски избори во САД во 2004-та - 2003-07-31


Употребата на Интернетот во САД како ново политичко средство, сметаат американските аналитичари можеби најдобро ја илустрира фактот дека преку него се собрани милиони долари за политички кампањи, а десетици илјади лица преку Интернет организираат стотици политички состаноци.

Алан Лихтман е политички аналитичар и професор по историја на Американскиот Универзитет. Тој вели дека Интеренетот сега игра клучна улога во обликувањето на кампањите на кандитатите за претседател од Демократската партија.

„Мислам дека Интернетот конечно стана главно орудие на учесниците во кампањите и главен фактор во американската претседателска политика. Мал дел од ова видовме во кампањите од пред четири години, кога Џон МекКеин, против-кандидатот на Џорџ Буш од Републиканската партија за време на претседателските избори, го користеше Интернетот како ефикасно орудие за собирање финанскиска помош и за пренесување на својата порака. Сега гледаме дека влијанието се шири, и Интернетот станува механизам што е најкорисен за нетрадиционалните кандидати, кои бараат поддршка и собираат средства преку Интернет биејќи поинаку не би им биле достапни“, вели г-динот Лихтман.

Таков кандидат е Хауард Дин, поранешен гувернер на државата Вермонт и еден од деветте кандидати за претседател од редовите на Демократската партија.

Иако г-динот Дин не е толку познат во споредба со останатите кандидати во трката, тој токму со користење на Интернетот успеа да собере повеќе средства од своите конкуренти во вториот квартал од годинава.

Професорот Мајкл Корнфилд од Универзитетот Џорџ Вашингтон, кој се специјализира во политика преку Интернет, вели дека г-динот Дин цели на младите, либерални гласачи, бидејќи тој не им припаѓа на политичките кругови во Вашингтон, и стратегијата му е да му се спротистави на претседателот Буш со тоа што ќе биде гласен противник на неговата економска политика и војната во Ирак.

„Тој на некој начин се вклопува во профилот на класичен, не толку познат бунтовник. Доаѓа од мала држава, бил гувернер. Зборува отворено и тоа го прави привлечен кај новинарите и јавноста. Ова не е случај само за Демократите, имало бунтовнички кампањи и од републиканската страна“, истакнува тој.

Хауард Дин е интересен и по тоа што не го следи традиционалното убедување дека кампањите треба да бидат водени исклучително од политички експерти, од обучени поддржувачи, а кандидатите да ги повторуваат само внимателно составените пораки. Така, во неговата кампања е вклучена армија од поддржувачи преку Интернет кои го користат Интернетот за да закажуваат митинзи и да дистрибуираат информативни материјали во врска со нивниот кандидат.

Професорот Корнфилд проценува дека 120 милиони Американци имаат пристап до Интернет и дека околу 50 милиони го користат редовно.

Меѓутоа, професорот Лихтман од Американскиот Универзитет наведува дека политичарите кои водат широко-отворена кампања преку Интернет, можат да досегнат само до до мал процент гласачи кои најверојатно ќе учествуваат во изборите. Потрадиционалните средства во кампањите, вели тој, како директната пошта и телевизиското рекламирање, се многу поскапи од Интернетот и главно целат на посебен и стратегиски утврден медиумски пазар, додека веб-кампањите достигнуват до универзалната публика.

Аналитичарите сепак се согласни во тоа дека Интернетот како политички феномен обезбедува поддршка за кандидатите кои не се толку познати како политичарите кои веќе биле на националаната сцена.

Така, околу 65.000 луѓе се пријавиле преку веб-страницата, Мит-ап точка ком, за да се сретнат и да ја споделат поддршката за Хауард Дин и да помогнат во неговата кампања.

Аналитичарите сметаат дека иако е прерано да се утврди точното влијание на Интернетот врз претседателската политика, јасно е дека овој медиум претставува ново орудие во кампањите за да се влијае на гласачите, како и начин да се контактираат и поврзат поддржувачите на одреден кандидат.

XS
SM
MD
LG