Линкови за пристапност

Конгрес: Со смртта на Удај и Кусај се намалува заканата за американските трупи во Ирак - 2003-07-23


И американските законодавци ја поздравија веста за смртта на синовите на Садам Хусеин.

Конгресмените велат дека смртта на Кусај и Удај ќе ја намали заканата за американските трупи во Ирак, тврдејќи дека тие имале клучна улога во организирањето на нападите врз коалиционите сили.

Конгресменот Питер Грос, Републиканец од Флорида, е претседавач со Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом:

„Мора да сфатиме дека тоа е ризично место, дека и натаму ќе имаме жртви, но ќе има се помалку и помалку наши жртви, а се повеќе нивни, и речиси со сигурност може да се каже дека ќе има пресврт“, рече тој.

Конгресменот Џејн Херман од Калифорнија е висок претставник на Демократите во Комисијата за разузнавање:

„Ова се многу, многу добри вести и тоа ќе има огромно влијание на теренот во Ирак“, изјави Херман.

Сенаторот Џеј Рокфелер од Западна Вирџинија, Демократ на висока позиција во сенатската Комисија за разузнавање, вели дека веста оти синовите на Садам се мртви, според него, е “прекрасна“. Но додаде дека исто така е важно за коалицијата да го пронајде Садам Хусеин, кого го опиша како “тиран на ирачкиот народ“.

Конгресмените ова го изјавија набрзо откако виоскиот американски администратор за Ирак, Пол Бремер ги брифираше за напредокот во стабилизирањето и обновата на земјата.

Реакција по веста уследи и од господинот Бремер.

„Тоа е голем ден за ирачкиот народ и голем ден за американската армија“, истакна г-динот Бремер.

Тој важноста на настанот ја гледа во фактот што е нагласена соработката меѓу Ирачаните и Американците. Тој предвидува дека оваа соработка ќе се прошири и евентуално ќе доведе до заробување на самиот Садам Хусеин.

XS
SM
MD
LG