Линкови за пристапност

Буш: Ропството е најголемото злосторство во историјата - 2003-07-10


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Злото на ропството беше предмет на првиот говор на претседателот Буш на неговата турнеја низ пет африкански земји. На остовот Гори во Сенегал, г-динот Буш ги посети објектите кои пред многу векови биле користени за регрутирање на африкански робови кои биле испраќани во Америка. „На ова место“, рече тој, „биле крадени и продавани слободата и животите“.

„Луѓето биле испорачувани и избирани, мерени и означувани со симболи на трговските компании, товарени како стока на пат без повраток. Една од најголемите миграции во историјата исто така претставува и едно од најголемите злосторства во историјата. Во текот на 250 години, заробениците трпеле напади врз нивната култура и нивното достоинство. Републиката создадена на темелите на еднаквоста за сите, стана затвор за милиони луѓе“.

Но генерациското потиснување на црнците во Америка, кажа претседателот Буш, не можеше да го скрши духот на луѓето во ропство, ниту нивната надеж за слобода:

„Со план само познат на Провидението, украдените синови и ќерќи на Африка помогнаа во будењето на свеста во Америка. Токму луѓето кои беа продавани како робови помогнаа за ослободување на Америка. Патот на мојата земја кон правдата не беше лесен, и се уште не е завршен. Но колку долго и да трае, нашата дестинација е позната - слобода и правда за сите“.

Тринаесеттиот амандман од Уставот, со кој се стави крај на ропството во САД, беше ратификуван во 1865-та година по крвавата граѓанска војна. Следуваа години на дискриминација на црнците, рече г-динот Буш, но Американците научија дека слободата не е исклучива сопственост само на една раса, или само на една нација:

„Оваа верба во природните права на човекот, ова убедување дека правдата стигнува секаде каде што свети сонцето, ја води Америка во светот. Со нашата сила и ресурси, САД сакаат да донесат мир секаде каде што има конфликт, надеж каде што се страда и слобода каде што владее тиранија“.

И покрај историјата на ропство исполента со патење, САД и африканските држави заеднички работат за запирање на ширењето на СИДА-та и војните, и на поттикнување на политички и економски реформи.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG