Линкови за пристапност

Репресијата во Северна Кореја продолжува - 2003-06-12


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Ендрју Нациос, раководителот со американската Агенција за меѓународен развој, во сведочењето пред Конгресот кажа дека “ниту еден тоталитарен режим во последниот век не спроведувал апсолутна контрола во толку голем степен на врз општеството“ како оној на Ким Јонг Ил во Северна Кореја.

Радијата и телевизиите во комунистичката Северна Кореја се изградени така што примаат само станици што се одобрени од државата, а пренамената да се прима странска програма преставува криминал. Севернокорејците мора да добијат дозволи за патување надвор од нивните градови и села, а патувањето меѓу провинциите е многу ограничено за да се спречи ширењето на информации.

За најмал прекршок, Севернокорејците може да бидат испратени во некој од десетте концентрациони логори на режимот, каде што се смета дека се затворени околу 250.000 затвореници. Некои од овие логори се за затвореници кои режимот ги смета за “употребливи“, додека во некои логори се сместени оние што се сметаат за “непотребни“. Како што кажа господинот Нациос, “непотребните“ затвореници “не се очекува некогаш да заминат од логорот и обично умираат од неухранетост, исцрпеност и малтретирање. Според Филис Гер, претседавач со американската Комисија за меѓународна верска слобода, верските затвореници во Северна Кореја често ги тепаат и понекогаш ги мачат до смрт доколку одбијат да се откажат од својата вера.

Во текот на 90-те, економската политика на режимот на Северна Кореја придонесе за смрт од глад на повеќе од милион луѓе. Како што истакна раководителот на U-S-A-I-D, Нациос, таканаречените непријатели на режимот биле принудени несразмерно да страдаат од глад:

„Всушност, тие одржуваа систем на дистрибуција на храна кој во основа ги хренеше луѓето во елитната класа кои управуваат со земјата или оние за кои немаше сомневање дека се лојални. Луѓето што имаа сомнително потекло или беа нелојални или поранешни затвореници кои го преживеале гулагот, во голем број умираа“, рече г-динот Нациос.

Како што кажа Филис Гер од американската Комисија за меѓународна верска слобода, Северна Кореја е “хуманитарна катастрофа од незамислив обем“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG