Линкови за пристапност

Силното евро - притисок врз европската економија - 2003-05-09


Додека еврото расте, европскиот извоз станува поскап со што се ограничува продажбата на европската индустрија. А додека индустријата забавува, нема многу работни места. Невработеноста во 12-те држави што го користат еврото како валута, достигна највисока стапка во последните три години, со 8,7 проценти во март.

Досега, велат аналитичарите, штетите врз европската економија заради високата вредност на еврото се лимитирани, но тоа може да се промени. Даниел Грос е директор на Центарот за европски политички студии во Брисел.

“Европа навистина не е во добра позиција тоа да го поднесе. Тоа сигурно ќе создаде дополнителни проблеми. Доколку продолжи, тогаш Европа ризикува сериозни економски потешкотии,“вели господинот Грос.

Господинот Грос смета дека сериозно опасно ниво би настанало кога еврото би достигнало вредност од долар и 25 центи, што тој верува дека ќе се случи годинава. Доколку работите навистина излезат од контрола, вели тој, тогаш тоа може да достигне ниво и од долар и половина, за што верува дека нема да се случи во блиска иднина.

Додека силното евро ги погодува големите економии како САД и Јапонија, влијанието врз светот во развој е ограничено, затоа што пазарот за европските производи таму не е многу голем, според господинот Грос.

“Тоа сега не е многу важно, затоа што Европа главно извезува многу софистицирани производи, а пазарот за овие производи е во другите богати држави. Затоа помалку развиениот свет не е толку важен пазар за ЕУ“, вели господинот Грос.

Економистите велат дека силното евро помалку е одраз на европската моќ, а повеќе на американските економски проблеми. Господинот Грос вели дека еврото има висока вредност затоа што доларот нагло паѓа.

XS
SM
MD
LG