Линкови за пристапност

Пораката на претседателот Буш до ирачкиот народ - 2003-04-14


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада

Во неодамнешното обраќање до ирачкиот народ, претседателот Џорџ В. Буш рече дека коалицијата под американско водство има постигнато голем напредок во напорите за соборување на ирачкиот диктатор Садам Хусеин. Штом режимот ќе го нема, Владата и иднината на Ирак, ќе му припаѓаат на ирачкиот народ. Господинот Буш на народот му се обрати директно:

„Вие сте добар и надарен народ, наследник на цивилизација која придонесува за човештвото. Заслужувате подобро од тиранија, корупција и простории за мачење. Заслужувате да живеете како слободен народ. Го уверувам секој ирачки граѓанин- вашата земја наскоро ќе биде слободна“.

„Слободен народ“, рече претседателот Буш, „за да изгради подобар живот, наместо дополнителни палати за Хусеин и неговите синови. Слободен, за да има економски просперитет без опасност од економски санкции. Тој народ ќе може слободно да патува и ќе има слобода на говор. Народот ќе боде слободен за да се вклучи во политичкиот живот на земјата. Сите луѓе кои го сочинуваат Ирак – Курдите, Шиитите, Туркменистанците, Суните и останатите, ќе бидат ослободени од ужасното прогонување, кое многумина го издржале“.

Иако престојат дополнителни борби, коалицијата под американско раководство почна да му помага на народот на Ирак преку достава на храна, вода и лекови на оние на кои им се потребни. Претседателот Буш на ирачкиот народ му порача дека,„тој повеќе не се наоѓа во заложништво заради волјата на злобниот диктатор“.

„Коалиционите сили ќе помогнат да се одржува јавниот ред и мир, со што Ирачаните би можеле да бидат безбедни. Ние ќе ги почитуваме вашите верски традиции, чии принципи на еднаквост и љубезност се неопходни за ирачката иднина. Ние ќе помогнеме да се изгради мирољубива и претставителна Влада, што ќе ги штити правата на своите граѓани. И потоа нашите трупи ќе си заминат“, рече тој.

Претседателот Буш на ирачкиот народ му порача и дека „се ближи крајот на долгата ера на страв и свирепост“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG