Линкови за пристапност

Блер предупреди дека претстојат круцијални моменти во војната во Ирак - 2003-03-24


Премиерот Блер ги информираше британските парламентарци дека остварувањето на клучната цел - да се дојде до Багдад, е на повидок. “Коалиционите сили, на чело со Американскиот петти корпус, се на пат за Багдад. Во моментов, тие се на околу 95 километри од Багдад, во близина на Кабала. Наскоро ќе се соочат со дивизијата на Републиканската гарда во Медина, која го брани патот за Багдад. Ова ќе биде клучниот момент“, кажа Блер. Британскиот премиер очекува елитните сили, лојални на ирачкиот претседател, да пружат поголем отпор од регуларните единици на ирачката армија “Илјадници ирачки војници се предадоа. Други, едноставно, го напуштаат бојното поле, а нивните единици се растураат. Но, единиците најблиски до Садам пружаат и ќе продолжат да пружаат жесток отпор. Тоа е елитата која е омразена меѓу локалното население и која нема многу што да загуби. Претстојат тешки денови, но продолжуваме со стратегијата точно онака како и што планиравме“, кажа британскиот премиер. Господинот Блер изрази сочувство до семејствата на британските и американски војници загинати во досегашните судири. Британија загуби 16 војници три одвоени воздушни инциденти, а двајца се водат како исчезнати во акција. Исто така, британското Министерство за одбрана потврди дека во директните борбените дејствија веќе загинал еден британски војник.

XS
SM
MD
LG