Линкови за пристапност

Со вселенска опрема во војна со Ирак - 2003-03-13


Еден ден по испраќањето на психолошката порака до Багдад, преку тестирањето на најголемата конвенционална бомба произведена досега, претставници на одбраната ги брифираа новинарите во Пентагон за ефикасноста на вселенската опремата на американската армија. Генералот Френклин Блесдејл, директор на воздухопловните операции истакна дека способноста САД да ја користат вселената, значи дека секој непријател, дали се работи за Ирак или било која друга земја, ќе се соочи со предизвик на бојното поле. “Би рекол дека сме мошне доминатни во вселената, до тој степен што ја сожалувам земјата што ќе ни излезе во пресрет“, изјави генералоѕ Блесдејл. Фокусот на брифингот беа сателитите кои им овозможуваат на американските трупи да ги откријат ракетните и другите видови напади, да прибираат и да дистрибуираат разузнавачки податоци, да целат на оружје, како и да вршат навигација на копнените операции. Генералот Блесдејл кажа и дека Багдад е можно да се обиде да ги блокира американските сателити, како и дека ќе се обиде да ја попречи комуникацијата меѓу американските трупи. Тој сепак потенцираше дека притоа, Ирак ќе има бројни потешкотии. Претставникот на одбраната не даде детали околу можната тактична употреба на вселенската опрема на САД во случај на војна во Ирак. Тој појасни дека поврзаноста меѓу сателитите и воздухопловните сили, потоа, поморските и копнените воени единици, води кон драматични подобрувања во брзината и прецизноста на одбрамбените маневри уште од Заливската војна од 1991-та година. “Го започнавме ова за време на војната во Заливот, го применуваме во секој досегашен конфликт, и стануваме се подобри и подобри“, ситакна генералот Блесдејл. Во меѓувреме, мобилизирани се дополнителни 12.000 резервисти, со што вкупниот број на резервистите на воена должност изнесува 190.000. Иако некои од нив се распоредени во регионот на Персискиот залив, каде им се придружија на преку 200.000 американски трупи, многумина се назначени на служби во воените бази во САД и Европа.

XS
SM
MD
LG