Линкови за пристапност

Турција нема да ги наруши воените планови на САД - 2003-03-03


Генералот Џејмс Џонс, поранешен командант на маринците, вели дека американските воени планери разгледуваат алтернативи доколку турскиот параламент и натаму е упорен во одбивањето на американско распоредување. Но тој вели дека се уште се надева оти американските трупи ќе можат да отворат северен фронт за да ги приклештат ирачките сили. Генералот Џонс, кој неодамна ја презеде командата врз американските сили во Европа, а исто така е главен командант на НАТО, на новинарите во главниот штаб на американската армија во Штудгард, Германија, им кажа дека стационирањето на американски сили во Турција би го принудило ирачкиот лидер Садам Хусеин да ги концентрира неговите трупи и во северен и во јужен Ирак. “Иако мислам дека не е апсолутно неопходно да имаме или не северен фронт, сепак да сме присутни долж северната граница со Ирак, дефинитивно би значела воена предност да ги средиме силите на Садам Хусеин. И тој би морал да обрнува повеќе внимание на северот отколку да ги концентрира своите сили за одбрана на југот или на кој било друг правец од каде што ќе мисли дека би можеле да дојдеме“, смета генералот Џонс. САД распоредија над 100 илјади трупи во областите јужно од Ирак во подготовките за кација против Садам Хусеин. Вашингтон и Анкара постигнаа договор за распоредување на 62 илјади војници во Турција, но овој договор не успеа да добие доволно поддршка во турскиот парламент. Покрај тековните интензивни преговори меѓу турските и американските власти, турскиот премиер Абдула Ѓул одби да каже дали неговата Влада повторно ќе побара од парламентот да го одобри распоредувањето на американски сили. Генералот Џонс се обиде и да ја разубеди Германија дека плановите на Вашингтон да го намали своето воено присуство во земјата како и во останатиот дел на Западна Европа се поврзани со острото спротиставување на Берлин на евентуалната војна против Ирак под американско раководство. Тој рече дека овие планови се во контекст на намерата на Вашингтон е да ги повлече своите трупи од базите со големи гарнизони. Ваквите бази датираат од времето на Студената војна и во нив има места за живеење, училишта и болници. Тие би се замениле со пофлексибилни бази каде трупите би ротирале на покуси временски периоди. Идеата е, вели генералот Џонс, војниците да бидат во можност брзо да реагираат на новите закани, а притоа таа операција да е материјално исплатлива. Според генералот Џонс, најверојатно ќе бидат потребни до две години, пред новата стратегија за базите да стапи на сила.

XS
SM
MD
LG