Линкови за пристапност

Реакција на претседателот Буш по резолуцијата за Ирак - 2002-11-08


Претседателот Буш истакна дека Резолуцијата значи оти Ирак мора да целосно и безусловно да соработува или во спротивно ќе се соочи со најостри последици. Затоа, оваа резолуција, рече тој, претставува финален тест за Ирак.

„Ирак мора без одложување и преговори да започне со целосно разоружување, да дозволи целосни инспекции и суштински да го промени пристапот што го има веќе една деценија. Режимот мора да дозволи итен и неограничен пристап до секоја локација, документ и секоја личност за кои ќе побараат инспекторите. Ирак треба да биде сигурен дека старата игра на измама, што беше дозволувана во дамнешни времиња, повеќе нема да се толерира„ рече господинот Буш.

САД, кажа тој, сакаат да ја избегнат војната, но сите држави мора да продолжат со притисокот врз Садам Хусеин да ја прифати Резолуцијата. А САД ќе одлучуваат само според еден принцип: Дали Ирак ги ги исполнува барањата од Резолуцијата на Советот за безбедност или не.

Сега, рече претседателот Буш, доаѓа најтешкиот дел. Советот за безбедност, кажа тој, мора да ја покаже својата обединетост и определба, за да не му се дозволи на ирачкиот режим да се врати кон стратегијата што ја користеше во минатото. Конечниот исход од актуелната криза, смета тој, веќе е определен: Целосното разоружување на Ирак од оружјето за масовно уништување ќе се случи. Единственото прашање за ирачкиот режим е да одлучи како.

Американскиот претседател побара од ирачкиот народ да ја прифати Резолуцијата оти тоа е можност нивната земја да избегне војна и да им помогне на инспекторите за оружје на ОН во нивната мисија.

На крајот тој порача:

„САД преферират Ирак доброволно да ги исполни своите обврски, иако сме подготвени и на алтернативното решение. Но и во двата случаи оправданите барања на светот ќе бидат исполнети“.

XS
SM
MD
LG