Линкови за пристапност

Македонските државјани во САД опфатени со пописот - 2002-11-01


Министерот-советник во македонската амбасада во Вашингтон, Гоце Георгиевски, вели дека пописот ќе се спроведе на неколку места: Вашингтон, Њу Џерси, Рочестер, Детроит, Колумбус, Чикаго и Краун Поинт. Во САД веќе неколку дена се претставници на Координативното тело за пописот при Министерството за надворешни работи, кои работат на подготвка на пописот, а во Амбасадата очекуваат помош и од македонските црковни и други организации.

„Според Законот за попис и Упатството за спроведување на пописот во странство, овој попис ќе ги опфати лицата и членовите на нивните семејства кои престојуваат во САД не подолго од 12 месеци. Тоа не важи за студентите и лицата на студиски престој во САД, што значи дека тие ќе можат да се јават на пописот дури и да се подолго во САД. Клучно е лицата при пријавување за пописот со себе да носат патна исправа, односно документ со кој ќе се утврди личниот идентитет - за себе и за секој член на семејството одделно“, вели господинот Георгиевски.

За Вашингтон и околината, пописот ќе се врши во просториите на Амбасадата на Македонија секој ден од 1-ви до 15-ти ноември, од 10-12 часот. Екипата на Министерството за надворешни работи ќе дава инструкции и во најголем дел ќе го спроведе пописот во останатите места.

XS
SM
MD
LG