Линкови за пристапност

Извештај на американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот - 2002-10-07


Генералната оценка за Македонија во извештајот на Стејт департментот за 2002-та година, е дека главно се почитувале верските слободи. Меѓутоа, се наведува дека, бунтот на етничките Албанци, предводени од група косовски и македонски Албанци, кои се нарекувале Ослободителна национална армија, во 2001-та година, ја влошиле верската толеранција. Во прилог на тоа се наведуваат примери на напади и уништувања на верските објекти во Македонија. Втората причина за заострување на меѓуетничките одоноси, наведена во извештајот на Стејт департментот, е политизирање на верските прашања. Тоа се одвивало при имплементацијата на Рамковниот договор и во текот на парламентарните избори. Во извештајот се вели дека Владата ја политизирала религијата и ја зголемувала нејзината улога на официјални настани. Како пример е наведена церемонијата што ја организираше министерот за внтарешни работи, на која поглаварот на МПЦ ги благословуваше специјалните полициски сили. Исто така се наведува дека Владата го финансирала поставувањето на големиот православен крст на Водно. Овие потези Албанците ги сметаат за провокации и придонеле за заострување на односите меѓу вреските заедници, се вели во извештајот на Стејт департментот во делот за Македонија.

Инаку, во ова истражување за состојбата со верските слободи во светот за 2002 година, се заклучува дека значаен напредок во оваа област е постигнат само во Авганистан.

Американскиот амбасадор за верски слободи, Џон Ханфорд, предупреди дека светот сега треба да биде во состојба на готовност заради групи како Ал-Каида, кои настојуваат да ја користат религијата за да напаѓаат преку меѓународните граници.

„Верски-базираниот тероризам од страна на невладини учесници, често со поддршка од лошите режими, се појавува како нова кауза за верско прогонување. Терористичките организации како ал-Каида, кои се дефинираат себеси и нивните цели со религиозни термини, ги има се повеќе“, вели Ханфорд.

Бурма, Кина, Куба, Лаос и Северна Кореја, во овој извештај се вброени меѓу првите земји во кои се кршат верските слободи изминатите години. Владите на сите шест држави се обвинуваат за верска репресија, затоа што апселе и вознемирувале луѓе кои практикувале други религии, а не оние што биле одобрени од државата.

XS
SM
MD
LG