Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад е во Авганистан каде се сретна со претседателот Хамид Карзаи и повторно остро ја критикуваше американската мисија за стабилизирање на државата.
Во посета на Кабул што на кратко се поклопи со американскиот Секретар за одбрана Роберт Гејтс, иранскиот претседател го повтори повикот за американските трупи да го напуштат Авганистан, велејќи дека тие нема да донесат мир.
Порано неделава, секретарот Гејтс го обвини Иран за играње „двојна игра“ во Авганистан со покажување поддршка за авганистанската влада додека ги поткопува напорите предводени од САД за подобрување на владата и стабилизирање на државата.
Секретарот Гејтс во среда кажа дека Вашингтон сака Авганистан да има добри осноси со соседите, но тие држави треба да бидат отворени кога работат со авганистанската влада.
Ахмадинеџад во среда одговори со обвинување на Вашингтон за играње своја „двојна игра“ со креирање тероризам во Авганистан и потоа декларирајќи потреба за борба против него.