Линкови за пристапност

Директорот на ИАЕА не може да потврди дека иранската нуклеарна програма е мирољубива


Директорот на ИАЕА не може да потврди дека иранската нуклеарна програма е мирољубива
Директорот на ИАЕА не може да потврди дека иранската нуклеарна програма е мирољубива

Новиот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) вели дека не е можно да потврди дека иранската нуклеарна програма е мирољубива бидејќи Техеран не соработува со ова тело.

Јакија Амано понеделникот го критикуваше Иран во своето прво обраќање на функцијата пред управувачкиот одвор на ИАЕА во Виена.

Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки го отфрли тврдењето на Амано на прес-конференција во Женева. Мотаки рече дека Техеран целосно соработувал со ИАЕА и ќе продолжи на ист начин.

ИАЕА минатиот месец по првпат потврди дека Иран можеби се обидува да создаде нуклеарна бомба. Агенцијата претходно сугерираше дека Иран во минатото се обидел да дојде до нуклеарно оружје.

Техеран тврди дека нуклеарната програма е за мирнодопски потреби. Иран е во опасност од нови санкции на ОН во време кога Вашингтон лобира за меѓународна поддршка за казнување на земјата поради тоа што продолжува со нуклеарниот процес на збогатување на ураниум.

XS
SM
MD
LG