Грчко-македонскиот спор треба што побрзо да биде решен бидејќи финансискатa криза во Грција може дополнителнода го одолговлече процесот на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, порачаа сенаторите Војнович и Шахин кој вечерва пристигнаа во официјална посета на Македонија.
Официјален Вашингтон ја разбирал деликатноста на ова прашање и потребата да се направата одредени отстапки, но тоа било неопходно. Неодамна со иста ваква порака за брзо решение за името настапи американскиот сенатор Војнович на разговорот со грчкиот премиер Папандреу.
„Преговорите се многу важни за иднината на Македонија. Мислиме дека нешто мора брзо да се стори, заради финансиската ситуација во која Грција се наоѓа", вели Џорџ Војнович, сенатор во САД. Сенаторите во оваа прилика го нагласија и итересот на САД за стабилноста на Македонија и целиот регион.
„Овде сме затоа што се грижиме за Македонија и за овој дел од Европа, како и за западниот Балкан. Разбираме дека ова се тешки предизвици, но важно е луѓето кои имаат добра волја да се здружат, преговараат и се обидат да ги надминат разликите, со што Македонија конечно ќе може да стане членка на НАТО и ЕУ", рече Џин Шахин сенатор на САД.
Од македонска страна, искажано е спремност за за интензивирање на дијалогот со јужниот сосед. Шефот на дипломатијата Милошоски денеска уште еднаш побара освен медијаторот Нимиц во изнаоѓање на решение за името да се вклучат и европски сили.
„Во интерес на Република Македонија е што побрзо да се најде решение за овој спор. И во интерес на Република Грција е да може наместо да го блокира да го поддржува процесот на интеграции на нашиот регион во ЕУ и јас сметам дека во тој контекст, нам не би ни пречело посериозно внимание од авторитетите кои што имаат капацитет да ја претставуваат Европската Унија", рече Милошоски.
По оваа посета на сенаторите од Вашингтон во петок во Скопје пристига и еврокомесарот за проширување Штефан Фуле. Неговата порака е идентична со онаа на Вашингтон - спорот што побзро да се реши и со тоа да се овоможи Македонија да ги започне преговорите за членство кои уште во ноември минатата година ги препорача Европската комисја.
„Искрено се надевам дека по препораките на Европската комисија за започнување на преговорите за прием на таа земја за која 2009 година беше добра година за реформи и дека во таа земја ќе бидеме во можност да започнеме со преговорите за време на шпанското претседавање" рече Штефан Филе, еврокомесар за проширување.
Потоа, по посетата на Фуле, наредната недела најавено е доагањето на посредикот Метју Нимиц.Тој ке ја посети и Атина во обид да направи прогрес во порцесот на изнаоѓање на решение прифатливо за двете страни.