Претставник
на авганистанската армија вели дека
талебанските борци се` почесто користат цивили како „човечки
штит“додека авганистанските и силите на НАТО изведуваат голема офанзива на југ.
Генералот Мохиудин Гори во среда кажа дека
талебанските борци во провинцијата Хелманд биле видени какко им наредуваат на
жени и деца да стојат на покривите на куќите додека милитантите пукаат околу
нив.
Неговото тврдење не е потврдено од независен
извор.
НАТО вели дека 15 цивили се убиени од почетокот
на операцијата во градот Марја пред пет дена. Амнести Интернешенал вели
дека илјадници цивили се „фатени во
борбите“.
Во Кабул во среда, висок претставник на ОН, Роберт
Ваткинс ги критикуваше армиските врски со хуманитарната помош, велејќи дека агенциите
на ОН нема да учествуваат во плановите
на НАТО за реконструкција на Марја. Ваткинс е заменик претставник на
генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
Тој не ја критикуваше специфично
офанзивата во Марја, но кажа дека ОН не сакаат да бидат дел од армискиот
процес на обнова.