Приказна за еден адвокат од Вашингтон кој вели дека помошта за бездомните го променила неговиот живот.
Сонцето изгрева во главниот град и Џонатан Џорџ почнува да се буди под ќебето пред Обединетата методистичка црква на Капитол Хил.
Потоа доаѓа Роб Ферли, адвокат од Вашингтон и член на цркватацрковната заедница, кој само што завршил со утринскиот џогинг.
Пред две години, жители во соседството почнале да се жалат за бездомниците кои спиеле на скалите пред црквата. Роб почнал секое утро да ги буди. Еднаш, еден од нив побарал – кафе:
Беше студено, и реков во ред, влези, ќе направам кафе.
На ваквите кафе-средби се придружиле и други бездомници, и тие прераснале во редовен појадок и и пријателство.
Џонатан Џорџ така појадува веќе две години. Откако бил отпуштен од работа, станал бездомник.
Не можев да платам за станарина кога немав работа и плата.
За Роб и други членови на црквата пријателство со бездомниците им помогнало да разберат зошто завршиле на улица и што може или не може да се направи за да се тргнат од таму.
Добивме помош од социјален работник, Џули Тарнер. Ни помага да ги згрижиме овие луѓе.
Роб вели дека појадоците со бездомните дале нова смисла на неговиот живот:
Се надевам дека и тие добија нешто за возврат. Средбите ме направија поотворен, со поголемо разбирање, поскромен.
Свештеничката Алиса Ласатер е убедена дека трасформацијата е заедничка.
Животите на луѓето изгледат поинакви – членовите на црквата ми велат – сега верувам дека можам да придонесам за некаква промена.
Роб и Алиса не знаат во што наредно ќе се развие доручекот што некогаш беше само кафе, но едно е сигурно – сега знаат дека бездомните се луѓе – како и сите други.