Линкови за пристапност

Бајден: иранските лидери “самите сеат семе за сопствено уништување“


Бајден: иранските лидери “самите сеат семе за сопствено уништување“
Бајден: иранските лидери “самите сеат семе за сопствено уништување“

Американскиот потпретседател Џо Бајден рече дека ирачките лидери “самите сеат семе за сопствено уништување“ со тоа што продолжуваат со пресметката против иранската опозиција.

Бајден во интервју за американскиот канал Ем-Ес-Ен-Би-Си оцени дека употребата на сила од страна на иранската влада за згаснување на опозиционите протести ја чинело губење на моралниот кредибилитет во самиот Иран и ширум регионот.

Тој уште рече дека Вашингтон се движи во правец на воведување на санкции против иранската влада.

Лидерот на иранската опозиција Мир Хусеин Мусави жестоко ја критикуваше владата во Техеран, обвинувајќи дека не успеала да ги исполни зададените цели од Исламската револуција. Во коментар објавен на неговата Интернет-страница, овој реформист обвинува дека се` уште постојат „корените на деспотизмот и диктаторството“од иранскиот мохархистички систем пред револуцијата.

Мусави рече дека актуелните власти ги замолчиле независните медиуми, затвориле активисти од опозицијата и „брутално убиле“ мирољубиви демонстранти. Мусави додава дека таквите чинови го навеле да верува дека Исламската револуција не ги постигнала своите цели.

XS
SM
MD
LG