Линкови за пристапност

Обама предлага буџет од 3,8 трилиони долари


Обама предлага буџет од 3,8 трилиони долари
Обама предлага буџет од 3,8 трилиони долари

Американскиот претседател Барак Обама во понеделникот ќе испрати до Конгресот предлог-буџет од 3,8 трилиони долари што ги насочува парите кон создавање на работни места и намалување на долгорочниот дефицит, велат виши владини лица.

Буџетот за 2011-та предвидува рекордно висок дефицит од приближно 1,6 трилиони долари за тековната, фискална 2010-та година, што завршува на 30-ти септември.

Новинските агенции што тврдат дека дошле до документот што треба да биде објавен во понеделник, јавуваат и дека Белата куќа за 2011-та предвидува фискален дефицит од 1,3 трилиони долари, со негово натамошно намалување во наредните неколку години. Медиумските извештаи наведуваат дека буџетскиот план на претседателот предвидува дека дефицитите до крајот на оваа деценија во просек да изнесуваат 4,5 од американската економија – ниво што многумина економисти го сметаат за нестабилно.

Буџетот мора најпрвин да биде одобрен од Конгресот за да стапи во сила.

По годишното обраќање за состојбата на нацијата минатата недела, Обама рече дека контролата на буџетскито дефицит е од клучно значење. Владата процени дека севкупниот американски буџетски дефицит на крајот на 2009-та изнесувал над 1,41 трилиони долари.

XS
SM
MD
LG