Линкови за пристапност

Багдад: Во самоубиствен напад убиени 18 лица


Ирачките власти велат дека во самоубиствен напад со автомобил бомба на полициска криминална лабораторија во Багдад загинале најмалку 18 лица и се ранети 80 други.

Полицијата вели дека бомбашкиот напад од вторникот предизвикал голема штета на владината канцеларија за вештачење во населбата Карада.

Официјални лица велат дека многу од убиените или ранетите во нападот биле најверојатно полицајци.

Експлозијата дојде еден ден по нападите на самоубиствени бомбаши на три хотели во Багдад, популарни меѓу странци, при што беа убиени најмалку 36 лица и ранети 71.

Официјални лица кажаа дека напаѓачите едно по друго детонирале експлозив со кој биле полни возилата пред хотелите Иштар Шератон, ал-Хамра и Вавилон, во Багдад.

Американскиот амбасадор во Ирак, Кристофер Хил, ги осуди последните напади и го повика ирачкиот народ да „се обедини во борбата против сите форми на насилство и обиди за заплашување".

XS
SM
MD
LG