Линкови за пристапност

Обама „оправдан“ од поротничка должност во Чикаго


Американскиот претседател Барак Обама ќе ја прескокне обврска за служење во судска порота во неговата сојузна држава Илиноис.

Официјален претставник од Белата куќа рече дека Обама го информирал судот во предградие во Чикаго пред две недели дека нема да може да присуствува. Неговото учество во судската порота требало да почне во понеделник.

Обама беше американски сенатор од Илиноис пред да биде избран за претседател. На почетоците од својата кариера беше организатор во својата локална заедница во Чикаго.
Во среда, претседателот ќе има редовно годишно обраќање до нацијата во американскиот Конгрес.

XS
SM
MD
LG