Линкови за пристапност

Обама е загрижен за кинеските кибернетски напади


Американскиот претседател Барак Обама вели дека е загрижен заради нападите во кибернетската безбедност која американскиот интернет гигант Гугл и ја припишува на Кина.

Заменик-портпаролот на Белата куќа Бил Бартон рече дека администрацијата на Обама очекува Кина да обезбеди одговори кои се однесуваат на кибернетските напади за кои Гугл ја обвинува Кина, и кои се насочени на електронската пошта на кинески дисиденти.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во четвртокот говореше за слободата на интернетот и ја повика Кина и други авторитарни режими да ги симнат ограничувањата за своите граѓаните и да дозволат слободен пристап на интернет.

Кина ги отфрли забелешките на Клинтон како неосновани и ги окарактеризира како штетни за билатералните односи.

Кинеското министерство за надворешни работи објави соопштение на нивната веб-страница со критика на говорот на Клинтон.

XS
SM
MD
LG