Линкови за пристапност

Колку се безбедни апаратите за скенирање на тело?


Ако наводниот бомбаш на летот кон САД на Божиќ минал низ скенер за цело тело, експлозивот можел да бил откриен многу порано.

САД, Британија, Холандија, Франција и Италија објавија планови за инсталирање вакви направи на на аеродромите.

Тоа предизвика дискусија за можен ризик од рак заради радијацијата емитувана од скенерите.

Експертите велат – тој ризик е мал. Радијацијата од оваа технологија е 2000 пати помала од онаа за снимки на градите и 200 илјади пати помала од такареченото кет-скенирање.

Махадевапа Махеш е професор по радиологија на Школата за медицина на Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор. Тој вели дека целосното експонирање е меѓу 8 и 15 секунди, а дозата на радијација е мала зашто рентгенските зраци не пенетрираат во телото.

„Бидејќи дозата е мала, тие само рефлектираат назад, и растурената радијација што доаѓа од телото всушност се фаќа со детектор и така ја добивате сликата", вели Махеш.

Но овие машини се скапи. За многу африкански и сиромашни држави е невозможно да ги купат и инсталираат.

Дури и ако развиените земји ги донираат машините, останува зголемен ризик по здравјето зашто земјите во развој ќе имаат тешкотии во нивото одржување.

Во болниците на пример, ние редовно го проверуваме нивото на радијација од апаратите. Тоа е важно. Секогаш нешто може да се расипе. Еден од лекарите кои се скептични за безопасноста на скенерите е Дејвид Бренер од Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој вели дека децата воглавно се почувствителни од возрасните на радијација, а е ембрионот во бременост е најчувствителен.

Заклучокот од ова е дека се потребни повеќе проучувања.

XS
SM
MD
LG