Линкови за пристапност

САД најавија формална жалба до Кина поради кибернетските напади


САД најавија дека наредната недела ќе упатат формална жалба до кинеските власти за да ја изразат својата загриженост за кибернетските напади на електронската пошта што ја нуди компанијата Гугл во Кина.

Портпаролот на Стејт департментот Пи Џеј Краули петокот соопшти дека Вашингтон истовремено ќе побара објаснување како се случиле нападите и што планира да стори кинеската влада во врска со нив.

Гугл претходно неделава одлучи повеќе да не ги цензурира пребарувачките резултати за корисниците на својата Интернет-страница откако откри дека бил извршен упад во Гугл-електронските адреси на кинески активисти за човекови права. Компанијата дури најави дека може целосно да ги затвори савоите канцеларии во Кина. Гугл претходно се придржуваше до кинеските закони што налагаат политички и општествено чувствителните прашања да бидат блокирани во пребарувачките резултати за корисниците во земјата. Во замена за тоа, кинеските власти на Гугл му дозволија пристап на светски најбројниот пазар на Интернет-корисници.

Во Пекинг, американскиот амбасадор Џон Хантсман кажа дека прашањето на слободата на Интернет е поврзано со правото на слободен говор - едно од основните американски вредности.

XS
SM
MD
LG