Линкови за пристапност

Клинтон дискутираше за новиот пристап на САД кон Азија


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја подвлече безбедносна стратегија на САД за Азија и Пацификот, истакнувајќи дека „активни и ангажирани САД“ се важни за успехот на регионалната соработка.

За време на говорот во Хонолулу, Хаваи, таа рече дека иднината на САД и Азија се поврзани и со економската и со безбедносната соработка. Таа рече дека државите во регионот треба да работат заедно во спречување безбедносни закани како ширење нуклеарно оружје, територијални спорови и воено натпреварување.

Таа рече дека намалувањето на трговските и инвестициските бариери ќе го поттикне економските развој и политичкиот напредок ќе резултира со заштита на човековите права и промовирање на отворено општество.

Првиот дипломат на САД рече дека администрацијата на Обама е подготвена за повторно вклучување во азиско-пацифичкиот регион, алудирајќи на пристапот на поранешната администрација.

На отворената сесијата, Клинтон рече дека САД се надеваат да видат зголемувањето на политичката отвореност во Кина, за да се отвори можност за целосно почитување на правата и слободите.

XS
SM
MD
LG