Линкови за пристапност

Стотици илјади на погреб на ирански свештеник - дисидент


Иранските опозициони Интернет-страници наведуваат дека стотици илјади лица присуствувале на погребот на свештеникот – дисидент, великиот ајатолах Хусеин Али Монтазери.

Многумина од нив наводно извикувале антивладини слогани и носеле зелени симболи на иранското опозиционо движење на погребната поворка во северниот град Ком. Полицајците биле присутни во голем број и примениле сила врз некои демонстранти кои фрлале со камења.

Бројот на присутни на погребот не е потврден од независен избор бидејќи на странските новинари не им било дозволено присуство.

Ајатолахот Монтазери почина во саботата на 87-годишна возраст. Иранските реформисти го сметаа за духовен патрон на нивното движење. Претходно годинава, тој ја осуди владината пресметка со демонстрантите по оспорениот реизбор на претседателот Махмуд Ахамиденџад.


Монтазери беше еден од водачите на иранската исламска револуција во 1979-та и требаше да го наследи врховниот водач, ајатолахот Рухола Хомеини. Но, тој подоцна ја критикуваше концентрацијата на моќ на Хомеини, по што не само што отпадна од комбинацијата за наследник, туку и мина неколку години во куќен притвор.

XS
SM
MD
LG