Линкови за пристапност

Советници на Обама сведочат во конгресот за Авганистан


Американскиот амбасадор во Авганистан и во среда ќе сведочи пред американски конгресен панел за новата воена стратегија на Обама.

Карл Еикенбери ќе биде на распит пред сенатската Комисија за надворешни работи за одлуката на Обама да испрати 30.000 дополнителни американски трупи во Авганистан. Нему ќе му се приклучи армискиот генерал Дејвид Петреус, командант на американската Централна команда.

Еикенбери, кој претходно не се согласуваше со некои аспекти на згуснување на редовите на трупите, ја поддржа новата стратегија на претседателот во вторникот, за време на сведочењето пред комисиите за оружени сили на Претставничкиот дом и Сенатот. На законодавците тој им кажа дека успехот во Авганистан не е гарантиран, но дека е можен.

Еикенбери се појави заедно со генералот Стенли МекКристол, командант на американските и НАТО сили во Авганистан. МекКристол на законодавците им кажа дека стратегијата на претседателот Обама за Авганистан може да успее и дека следните 18 месеци ќе бидат решавачки.

Генералот исто така рече дека фаќањето или убивањето на лидерот на ал-Каида Осама бин Ладен е од исклучителна важност за поразување на терористичката мрежа. Тој кажа дека самото постоење на бин Ладен е средство за регрутирање за ал-Каида.

XS
SM
MD
LG