Линкови за пристапност

За прв пат употребена една инјекција при егзекуција


Американската сојузна држава Охајо за прв пат употреби една инјекција во спроведувањето на смртната казна врз осуден убиец.

Државни официјални лица го прогласија за починат 51-годишниот Кенет Бирос во затвор во јужно Охајо, во Лукасвил.

Бирос беше усмртен со една доза на анестетик. Во сојузните држави каде е дозволена смртна казна, егзекуцијата се врши со три одделни инјекции со медикаменти.

Американскиот Врховен суд ги одби барањето за запирање на егзекуцијата. Неговите адвокати тврдеа дека егзекуцијата со една инјекција е еднаква на истражување врз човечки организам и никогаш порано не била користена.

Гувернерот на Охајо Тед Стрикленд ги одложи егзекуциите кога стражарите во септември се обидуваа два часа да пронајдат вена на осуденик за да му вбризгаат инјекција.

Бирос беше осуден за убиството на 22-годишната Тами Енглистон во 1991-ва.

Од сите 50 сојузни држави во САД, во моментов смртна казна е дозволена во 35.

XS
SM
MD
LG