Линкови за пристапност

Авганистан на врвот на агендата на министерскиот состанок на НАТО 


САД наводно се надеваат дека членките на НАТО ќе дадат до 10.000 нови војници за Авганистан, споредено со 30.000 дополнителни трупи што претседателот Барак Обама ги соопшти во вторникот.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен предвиде дека алијансата ќе одобри околу 5.000 нови војници, што е половина помалку од очекувањата на Вашингтон.

Директорот за меѓународни односи во британската истражувачка група „Хенри Џексон Сосајати", Робин Шеперд, вели дека се сомнева оти дводневната средба во Брисел ќе донесе новини.

„Ќе има натегање, ќе ги натерате Европејците да дадат мал број дополнителни трупи за сметка на повеќе опрема и обука, што е само логистика за операцијата. Ова е затоа што Авганистан станува се понепопуларен во Европа, и тоа не е затоа што тие имаат нешто против САД, туку затоа што имаат домашен притисок, што им ги врзува рацете", вели Шеперд.

Во Франција, Министерот за надворешни работи Бернард Кушнер не вети многу во однос на зголемувањето на сегашното ниво на трупи од 3.400 француски војници колку што ги има во Авганистан. За француското радио тој рече дека нови француски сили не се потребни во Авганистан, но додаде дека се можни „подесувања" во иднина.

Британија веќе понуиди 500 нови војници, а Полска размислува за неколку стотини дополнителни војници. Италија рече дека ќе испрати повеќе, но не кажа колку.

Министрите за надворешни работи во НАТО исто така рекоа дека ќе разговараат со Русија на бриселскиот состанок, но со руската фрустрација во врска со идното членство на Украина и Грузија во НАТО, тие се соменваат дека ќе има напредок на ова поле.
XS
SM
MD
LG