Линкови за пристапност

Индискиот премиер во САД


Индискиот премиер Манмохан Синг е во четиридневна посета САД на чиј дневен ред се војната во Авганистан, екстремизмот во Пакистан и цивилната нуклеарна соработка меѓу САД и Индија.

Синг понеделникот има обраќање пред американските деловни водачи во Стопанската комора на САД, а во вторник ќе се сретне со претседателот Барак Обама. На средбата се очекува да стане збор за загриженоста на официјален Њу Делхи дека војната во Авганистан би можела натамошно да го дестабилизира индискиот сосед – Пакистан. Синг најави дека ќе побара владата на Обама да изврши притисок врз Пакистан да ја засили котролата врз исламските екстремисти.

Пред посетата, Синг за Си-Ен-Ен изјави дека не е јасно дали пакистанските цели во Авганистан се исти со оние на САД. Тој исто така изрази загриженост дека пакистанскиот нуклеарен арсенал би можел да заврши во погрешни раце.

Во интервју за Вашингтон пост, Синг изрази надеж дека ќе ги убеди американските лидери да дозволат трансфер на дополнителна неармиска нуклеарна технологија и дека ќе ја зголемат соработката во изнаоѓање на решенија за поеколошки видови на енергија.

XS
SM
MD
LG