Линкови за пристапност

Електричен автомобил го освојува Хонг Конг


Еколошкиот автомобил „Мајкар“ што не испушта штетни гасови во атмосферата започна да се продава во Хонг Конг. Станува збор за најновиот модел од сееријата електрични автомобили. „Мајкар“ се продава од март и во Европа. Првичната верзија немаше клима уред, но во најновите модели таа е веќе стандарден дел од опремата.

Најновите модели наместо две имаат четири седишта. Производителот на автомобилот, компанијата „ЕуАутос“, се надева дека новите литиумски батерии и клима уредот ќе придобијат поголем број муштерии на пазарот во Хонг Конг.

„Мајкар“ може целосно да се напои со електрична енергија за шест до осум часа од обичен штекер во домаќинството.

Целосно наполнет, автомобилот може да мине над 110 километри и да достигне максимална брзина од 64 километри на част – велат статистичките податоци на произведувачот.

Автомобилот чини 100.000 хонгкошки или 12.900 американски долари и не важи за ефтин според стандардните цени за семеен автомобил. Но, муштериите се воодушевени од неговата компактност поради недостигот на паркинг-места во Хонг Конг и од фактот дека направен согласно стандардите за заштита на животната средина.

XS
SM
MD
LG