Линкови за пристапност

Македонисти од двете страни на океанот на средба во Јута


Вакви средби се одржуваат од 1991 наваму секои три години. Но, она што оваа конференција, на Универзитетот на Јута, ја издвои од другите е обидотна грчки претставници да ја узурпираат за политички цели. Соочени со предизвикот, организаторите презедоа соодветни мерки. Забранија снимање на презентациите и најмија обезбедување.

Ова е без преседан, ни кажа Виктор Фридман,професор по балканска и словенска лингвистика на Универзитетот во Чикаго и директор на Центарот за источно-европски и руско-евроазискистудии, кој е еден од основоположниците на оваа конференција. Тој во овие испади гледа интензивирање на антимакедонските акти и не е голем оптимист дека со доаѓањето на власт на новата влада во Грција ќе има смирување на овој план.

Но, по првите два дена на конференцијата испадите стивнаа, забраната за снимање беше релаксирана, иако обезбедувањето и жешките полемики на паузите – останаа.

Сепак, некои од учесниците изрично побараа да не се споменува нивното име во медиумските извештаи, зашто како што рекоа „сакаат да се вратат во Грција за други истражувања“.

Луѓето кои се занимаваат со студирање на македонскиот јазик и култура во САД, се тесно поврзана група. Но оваа конференција изненади и со друга карактеристика – се појавија млади лица, идни македонисти, како што вели професорот Фридман.

Еден од нив е Ендру Граан, од Катедрата за антропологија на Универзитетот во Чикаго, кој повеќе патибил на научен престој во Македонија. За Гласот на Америка тој рече дека ова е „ драгоцена можност за од колеги да добијам информирани коментари за мојата работа “ и додаде дека се чувствува исклучително почестен и привилегиран што е меѓу повикан на оваа средба.“

Ерик Прендергарст,од Беркли Универзитетот во Калифорнија, зборуваше за неговото искуство од престојот во Македонија:

„Она што ме фасцинира е лингвистичката разноликост на Македонија, историјата и мешањето на културите на балканските простори“, вели Прендергаст.

Ендру Добровски, исто така од Универзитетот во Чикаго вели дека бил изненаден од отвореноста и искрената љубопитност на Македонците што ги сретнал при неговиот едногодишен научен престој. Тој развил теорија дека потеклото, националноста и различните јазици на кои се зборува на мал простор, како Македонија, влијае на начинот на кој луѓетосе справуваат со општи предизвици, како невработеноста, на пример.

Координатор на оваа конференција беше Емилија Црвенковска, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Таа ни посочи на важноста на единствениот печатен документ кој произлегува од овиеконференции, за идните генерации лингвисти.

Конференцијата заврши со договор за следната, по три години, во Македонија.


XS
SM
MD
LG