Линкови за пристапност

Обама побара промени во опциите за Авганистан 


Висок претставник на Белата Куќа вели дека американскиот претседател Барак Обама побарал од неговиот тим за национална безбедност да ги ревидира опциите за американската воена стратегија во Авганистан.

Обама ги побара ревизиите во среда, за време на последниот преглед на неговата авганистанска политика. Официјалното лице вели дека претседателот сака неговите советници да одредат како и кога американските трупи може да ја предадат одговорноста за обезбедувањето во раце на владата во Кабул. Претставници на администрацијата велат дека Обама сака јасно да му стави на знаење на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи дека американското присуство во Авганистан не е неограничено.

Повикот на претседателот за ревизии доаѓа во време кога амбасадарот на САД во Авганистан , Карл Еикенбери, изразил сериозна резервираност во врска со испраќањето на дополнителни трупи во земјата.

Официјалните лица велат дека Еикенбери испратил две класифицирани пораки до Вашингтон минатата недела во кои изразил сомнеж во лидерството на Карзаи. Авганистанскиот претседател се обвинува за дозволување на цветање на корупцијата за време на неговиот мандат.

XS
SM
MD
LG