Линкови за пристапност

Клинтон вели разговори со Северна Кореја ќе има и покрај инцидентот


Американската државна секретарка Хилари Клинтон вели дека високо рангиран американски дипломат ќе отпатува во Северна Кореја на разговори со изолираниот режим, и покрај овонеделниот инцидент меѓу морнариците на Северна и Јужна Кореја.

Клинтон ова го изјави во средата, на маргините на Азиско-пацифичкиот економски самит во Сингапур.

Американскиот Стејт департмент во вторникот соопшти дека во Пјонгјанг ќе го испрати специјалниот претставник Стивен Босворт, во напор да ги заживее шестраните разговори за севернокорејската нуклеарна програма. Северна Кореја го бојкотира форумот уште од април.

Клинтон воедно ги повика азиските земји да извршат притисок врз Бурма во 2010 година, да организира демократски избори.

XS
SM
MD
LG