Линкови за пристапност

Обвинувања меѓу локални жители и власта дали се убиени милитанти во напад во Авганистан


Авганистанските селани протестираат против воздушни напади за време на ноќта од меѓународните сили во кој велат дека загинале најмалку осум цивили, но локалните власти велат дека во нападот биле убиени само милитанти.

Демонстрантите ги носеле телата на жртвите по улиците на Лахкар Гах, главниот град во јужната авганистанска провинција Хелманд. Тие гневно скандирале против авганистанската влада и странските сили.

Демонстрантите велат дека цивилните жртви работеле на нивните полиња во време кога се случил нападот.

Портпаролот на авганистанската провинција го потврди воздушниот напад, но подвлече дека загинале осум Талебански бунтовници.

Канцеларијата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи јавно го осуди нападот.

Цивилните жртви од западните сили го зголемија бесот кон странските сили во Авганистан. Командантот на НАТО во земјата, американскиот генерал Стенли Мекристал, вели дека лутината ја поткопува мисијата на Западот.

XS
SM
MD
LG