Линкови за пристапност

Клинтон ветува помош за подобрување на односите меѓу САД и муслиманскиот свет


Американската државна секретарка Хилари Клинтон објави серија пакети помош за блискоисточните земји, како дел од напорот за подобрување на односите на Вашингтон со муслиманската заедница.

За време на посетата на Мароко, Клинтон истакна дека САД постапуваат по ветувањата што претседателот Барак Обама ги даде во јуни, за нови односи со муслиманскиот свет.

Клинтон зборуваше на конференцијата за демократија и развој, наречена Форум за иднината. На конференцијата учествуваа претставници од Северна Америка и Блискиот Исток, како и министри за надворешни работи од Групата 8 водечки индустријализирани држави.

Американската државна секретарка додаде дека иницијативата вклучува проект во висина од 76 милиони долари за подобрување на економските можности во Јемен и проект вреден 30 милиони долари за непривилигирани млади луѓе во Јордан.

Таа соопшти дека наредната година Вашингтон ќе биде домаќин на конференција на која ќе учествуваат бизнис лидери од муслиманските земји и САД.

XS
SM
MD
LG