Линкови за пристапност

Група поврзана со Ал-Каида презеде одговорност за нападите во Багдад


Група во Ирак поврзана со Ал-Каида презеде одговорност за нападите на бомбаши-самоубијци во Багдад во неделата во кои загинаа најмалку 155 лица, а преку 500 беа повредени.

Милитантната група Исламска држава во Ирак на својата Интернет-страница објави дека стои зад двата напада изведени со автомобили-бомби.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики за нападите ги обвини Ал Каида и членови на поранешната партија Баат. Тој смета дека целта била да создадат нестабилност и да го спречат одржувањето на изборите во јануари.

Речиси истовремените напади се случија близу строго обезбедената „Зелена зона“ во Багдад и судејќи по се` целта била општинска владина зграда и Министерството за правда.

Ирачкото Министерство за внатрешни работи соопшти дека властите уапсиле најмалку 70 лица, но не даде дополнителни детали.

Исламската држава во Ирак презеде одговорност и за нападите во август во близина на владини министерства во Багдад, кога загинаа околу 100 лица.

XS
SM
MD
LG