Главниот претставник на ОН за климатски промени не очекува дека конференцијата во Копенхаген ќе резултира во нов меѓународен договор.
Во Лондон, каде во понеделникот се сретнаа претставници на 17 земји - најголеми емитувачи на штетни гасови, Иво де Бер за весникот Фајненшал тајмс изјави дека на конференцијата во Копенхаген очекува да биде поставена политичка рамка за ограничување на испуштањето на штетни гасови по озонската обвивка што создаваат ефект на таканаречена „стаклена градина“, дури и доколку меѓународниот договор не е на повидок.
Де Бер кажа дека светските лидери сега треба да се фокусираат на она што „реално“ може да се постигне во однос на проблемот со климатските промени пред почетокот на конференцијата во Данска.
Целта на средбата во Копенхаген е да се постигне нов глобален договор за климатски промени што би го заменил актуелниот - Протоколот од Кјото, што истекува во 2012 година.