Кина, Русија и четири централноазиски држави се согласија
да работат заедно на надминување на глобалната економска криза и
за зголемување на соработката по финансиски
прашања.
Лидерите на Кина, Русија, Казахстан, Киргистан,
Таџикистан и Узбекистан во среда се собраа во Пекинг на самит на Шангајската организација за соработка.
Кинескиот премиер Вен Џиабао на државната телевизија кажа
дека доколку државите-членки на организацијата
работат заедно за продлабочување на соработката, тие ќе бидат во можност
да создадат иднина на мир и просперитет за регионот. Тој кажа дека самитот донел согласност за подобрување
на соработката во областа на трговијата, енергијата и
земјоделството.
Претставници на Индија, Иран, Монголија и Пакистан го
следеа самитот како набљудувачи.
Шангајската организација за соработка израсна од регионалните напори од средината на 1990-те за намалување на армиските сили на заедничките граници на земјите учеснички. Организацијата подоцна на својата агенда ги додаде анти-терористичките напори, економската и енергетската соработка.
Регионалната
безбедносна група од некои на
Запад се гледа како начин да се попречи американското влијание во Централна Азија.