Специјалниот американски пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел ги повика Израелците и Палестинците да ги продолжат мировните разговори иако највисокиот израелски дипломат е песимист за постигнување на сеопфатен договор во догледна иднина.
Министерот за надворешни работи Авигдор Либерман за израелското радио во четврток кажа дека двете страни треба да се обидат да постигнат привремени договори, а тешките прашања да ги решаваат подоцна.
Пред средбата со израелскиот претседател Шимон Перес, Мичел рече САД ќе продолжат со напорите да ги убедат двете страни да ги рестартираат преговорите. Тој се среќава со Либерман подоцна во четврток.
Во петок, Мичел ќе се сретне со израелкиот премиер Бенџамин Нетанјаху пред да отпатува за Рамала на разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Неговата посета доаѓа среде судири неделава, меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во Ерусалим, каде се наоѓа џамијата Ал Акша и најсветото место на јудаизмот, Ѕидот на плачот.