Линкови за пристапност

Во силна експлозија во Кабул загинаа 13


Авганистански официјални лица велат дека во самоубиствен бомбашки напад во близина на индиската амбасада во Кабул убиени се најмалку 13 лица, а ранети повеќе од 80.

Авганистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека бомбата првично убила еден полицаец и 11 цивили на патот меѓу нивното седиште и индиската амбасада. Претставници на министерството подоцна потврдија дека најмалку уште едно лице починало од здобиените повреди.

Сведоци велат дека од експлозијата биле скршени излози на продавници, бил растурен отпад по патот и воздухот бил полн со чад.

Милитанти на Талебан ја презедоа одговорноста за нападот, велејќи дека индиската амбасада била целта.

Секретарката за надворешни работи Нирупама Рао вели дека бомбашот го довел возилото до оградата на индиската амбасада. Таа кажа дека шрапнел од експлозијата ранила тројца индиски паравоени војници кои ја чувале амбасадата, но никој од персоналот на амбасадата не е убиен.

XS
SM
MD
LG