Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го продолжува престојот на 64-тото Генерално собрание во Њујорк со серија билатерални средби.
Од Кабинетот на Иванов најавуваат дека тој доцна вечерва по македонско време ќе разговара со американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг, а во текот на денот и со претседателот на Латвија Валдис Затлерс, премиерот на Албанија Сали Бериша и емирот на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани. Иванов ќе биде и на приемот што американскиот претседател Барак Обама го организира за шефовите на делегации.