Линкови за пристапност

Вашето семејно стебло – на Интернет


Трагањето по вашите семејни корени – генеологијата – веројатно е стара колку и самите семејства. Тоа е популарно хоби за кое беше потребно темелно истражување, внимателно изработени табели и сложени правила.

Пред повеќе од 20 години, комјутерски софтвер започна да ја олеснува оваа процедура и сега можете вашето семејно стебло да го креирате на Интернет. Ова го овозможува веб-страницата за генеологија - Geni.com

„На оваа страница може да се креира семејно стебло од целиот свет. Корисниците се регистрираат на едноставен, графички, и воедно забавен систем по што можат да почнат да го креираат своето семејно стебло. Потоа можат да поканат и други членови на семејството. Овие луѓе се придружуваат на истото стебло, го прошируваат и на тој начин сите меѓусебно соработуваат“, вели Дејвид Сакс, основач на Geni.com.

Оваа веб-страница овозможува и да го поврзете вашето семејно стебло со оние веќе креирани од други корисници.

„Притоа може да се дознае дали некои од роднините од вашето семејно стебло, може да се најдат и на друго, а ние од наша страна сугерираме дека е откриено совпаѓање“, вели Сакс.

Доколку најдете заеднички роднина, можете да ги споите вашите семејни стебла.

Корисниците на Geni.com веќе имаат внесено 60 милиони имиња, а Сакс додава дека 25 милиони од нив се поврзани во едно огромно семејно стебло – што е чекор кон неговата цел за креирање на семејно стебло за секого на Земјата.

Засега оваа веб страница е само на англиски, но се најавува дека наскоро ќе бидат додадени и други јазици. Нејзиниот креатор, Дејвид Сакс, подвлекува дека страницата воедно ја гарантира приватноста на нејзините корисници.

Основните услуги се бесплатни, додека за некои посложени елементи на Geni.com, потребна е претплата.

XS
SM
MD
LG