Линкови за пристапност

„Зелениот“ Питсбург се подготвува за пречек на светските лидери


Питсбург своевремено беше познат како индустриски град, со челичната индустрија што ја предводела локалната економија. Но кога лидерите на Групата 20 најразвиени и земји во подем ќе се сретнат во Питсбург на глобалниот економски самит, тие ќе најдат град кој стана водач во технологија за заштеда на енергија и заштита на животната средина.

Самитот на Г-20 ќе биде отворен на едно од најубавите места во Питсбург, огромната застаклена јавна градина.

Ричард Пјачентини е извршен директор на конзерваториумот Фипс.

„Фипс е одбран и поради она што претставува. Тој е добар пример за некои од трансформациите што се случија во Питсбург“, вели Пиачентини.

Во Фипс не се одгледуваат само растенија, се одгледува и иновација. Најновиот проект е тропска шума на затворено, а одговорните велат дека ова е најдобрата структура за заштеда на енергија во светот. Обезбедува и природно греење и ладење.

„Пет метра под земја се поставени цевки во должина од 600 метри. Кога топлиот воздух излегува од покривот на градината, новиот воздух влегува преку тунелите, под земја се лади пред да оди на површината. Тоа е како бесплатен клима уред. Не се користи никаква електрична енергија, но помага воздухот да се одржи ладен“, изјави Пјачентини.

Центарот за конвенции во Питсбург, каде и ќе бидат главните настани од самитот, опремен е со таканаречена „зелена“ технологија. Едната страна од зградата е свртена кон сонцето и поради еколошкиот аспект, ова здание има освоено бројни награди.

И сето ова во град кој своевремено беше главен придонесувач на глобалното затоплување, особено заради индустријата за производство на челик.

Во меѓувреме, настанале бројни промени.

Наместо челик, фабриката „Солар пауер индустрис“ сега произведува соларни плочи од силикон.

„Во фабрикава се инвестирани преку 100 милиони долари. Овде се произведуваат високо-технолошки соларни ќелии, вели Џон Бучер, директор на „Солар пауер индустрис“.

Бучер вели дека во моментов во фабриката има отворено нови работни места, додека други отпуштаат работници, и дека токму обновливата енергија и новиот вид на технологија е она што го одржува бизнисот во Питсбург во живот.

Надлежните се надеваат дека лидерите на Г-20 ќе бидат импресионирани од определбата на градот за одржување на чиста животна средина.

XS
SM
MD
LG